• понеделник, 23 декември 2024

Македонската репрезентација до 18 години загуби од Франција со гол примен во последните секунди

Македонската репрезентација до 18 години загуби од Франција со гол примен во последните секунди

Подгорица, 7 август 2024 (МИА) - Кадетската македонска репрезентација попладнево загуби од соодветната француска селекција со 29:28 на стартот на Европското првенство во Црна Гора.

Македонските ракометари пружија голем отпор на фаворизираните Французи, но примија гол во самиот финиш и останаа без бод.

Нашите ракометари во два наврата имаа плус три на почетокот на мечот (3:0 и 5:2). Истата разлика Франција ја имаше во финишот (28:25) и ја искористи за конечен минимален триумф.

Најефикасен во македонскиот состав беше Дамјан Митев со девет погодоци.

Утре, во второто коло, Македонија ќе се соочи со Германија (почеток 12 часот). зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан