• понеделник, 23 декември 2024

Македонија ЃП сака да ја прекине серијата без пораз на летонска РФС Рига

Македонија ЃП сака да ја прекине серијата без пораз на летонска РФС Рига

Скопје 12 јули 2023 (МИА) – Освојувачот на Купот, Македонија Ѓорче Петров, утре ја пречекува РФС Рига во рамки на првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов, на денешната прес – конференција истакна дека неговите играчи мораат да бидат претпазливи и да го спроведат договореното на теренот доколку сакаат успех против летонскиот противник.

-Пред сè сакам да им посакам на сите македонски тимови оваа сезона многу успех во ова европско лето, што подалеку да стигнеме сите заедно. Да бидеме претпазливи и да видиме како натпреварот ќе нè води во фаза на победа. Се прашуваме и ние, сакаме нешто ново да наметнеме, но и противникот се прашува, сепак немаат долго време пораз во низа, изјави Симов.

Играчот на Македонија ЃП, Филип Мишевски посочи дека екипата е максимално мотивирана за успешен натпревар утре попладне од 17 часот на комплексот на ФФМ во Ново Лисиче.

-Ќе бидам краток и јасен мораме да бидеме агресивни сите 90 минути, само така можеме до победа, иако времето ќе биде топло, но како за нас така и за нив, РФС Рига е долго без пораз, да им го нанесеме првиот оваа сезона. Атмосферата е одлична, тимот функционира како целина и тоа дава надеж дека овој дуел иако имаме сериозен противник, мотивирани сме максимално, рече Мишевски. ег

Фото: ФК Македонија ЃП/Фејсбук

Остани поврзан