• понеделник, 23 декември 2024

Македонија ЃП има двајца фудбалери позитивни на коронавирус

Македонија ЃП има двајца фудбалери позитивни на коронавирус
Скопје, 10 јули 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров денеска соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирус. - Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови, споделија од клубот. ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека сите се негативни. -Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање, се додава во соопштението

Остани поврзан