Лукашенко: Белоруски војници се распоредени долж целата граница со Украина
- Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека како одговор Минск испратил воени формации долж целата своја граница, јавија руските медиуми.
Минск, 18 август 2024 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека како одговор Минск испратил воени формации долж целата своја граница, јавија руските медиуми.
Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е минирана „како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат. мс/
фото: МИА архива