Анкета: Речиси половина од Украинците го поддржуваат влезот на Украина во НАТО без окупираните територии
- Речиси половина од Украинците, или 47 отсто, го поддржуваат влезот на Украина во НАТО без териториите окупирани од Русија, покажуваат резултатите од последното истражување.
Киев, 23 декември 2024 (МИА) - Речиси половина од Украинците, или 47 отсто, го поддржуваат влезот на Украина во НАТО без териториите окупирани од Русија, покажуваат резултатите од последното истражување.
Истражувањето покажа дека 14 отсто повеќе Украинци сега поддржуваат такво решение во споредба со јуни 2023 година, објави Украинска правда.
Според истражувањето, вкупно 36 отсто од Украинците не се подготвени да го поддржат влезот на Украина во НАТО доколку дел од нејзината територија остане окупирана, што е за 16 отсто помалку отколку во јуни 2023 година. паг/
Фото: МИА архива