Лукаку: Саудиската лига ќе биде една од најдобрите во светот во следните две до три години
- Белгискиот фудбалер и член на Рома, Ромелу Лукаку очекува саудиската лига да биде една од најдобрите во светот.

Ријад, 25 јануари 2024 (МИА) – Белгискиот фудбалер и член на Рома, Ромелу Лукаку очекува саудиската лига да биде една од најдобрите во светот.
- Лично, мислам дека ова ќе биде една од најдобрите лиги во светот во следните две години. Затоа што сега прават многу, внесуваат големи играчи во лигата. Екипите се подобри и играат многу квалитетен фудбал, изјави Лукаку по пријателскиот натпревар вчеравечер во Ријад со саудиски Ал Шабаб (2:1).
Изминатото лето тимовите од Саудиската професионална лига потрошија 875,4 милиони долари на трансфери.
Во првенството на Саудиска Арабија играат големи фудбалски имиња, најпозната ѕвезда е Кристијано Роналдо. зс/
Фото: ЕПА