Приведен крадец во Куманово
- ако што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 20:20 часот во Куманово, го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот кумановец Г.Н.
Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.
Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/бак/
Фото: МИА архива