• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

4 јуни 2025 

Скопје - Собранието ќе ја продолжи 51. седница. (13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 5/9:50)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:45)

Скопје - Седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/12:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Илир Хасани. (Прес-центар на Собрание/12:00)

Радовиш - Заменик-претседателот во Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и делегација од Амбасадата на Република Турција во Скопје предводена од амбасадорот Фатих Улусој ќе посетат две основни училишта во Радовиш, односно подрачните училишта на ООУ „Никола Карев“ во Бучим и Тополница.(10:00)

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе се обрати на промоцијата на јубилејна поштенска марка по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. (Порта Македонија/11:00)

Ресен - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ќе бидат во Езерани за да разговараат со локалното население за прашања поврзани со заштитата на уникатната преспанска животна средина.

Скопје - Тркалезна маса „Во пресрет на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан за новиот план за раст“ во организација на Советот на амбасадори. (Конференциска сала на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија/10:00-11:30)

Брисел - Американската амбасада во Скопје информира за онлајн брифинг на Амбасадорот Метју Г. Витакер, постојан претставник на САД во НАТО на кој тој ќе даде преглед на претстојниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата што ќе се одржи на 5 јуни во Брисел. (Брисел/11:45, X (Twitter) on @USAandEurope )

Скопје - Конференција Bloomberg Adria Consumer Trends. (х.„Мериот“/регистрација од 9:30, отворање на конференцијата во 10:00)

Скопје - Регионална ЕСГ конференција „Градење отпорност во свет што се менува“, во организација на Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од Европската унија. (х. „Хилтон“/09:00 линк  за следење на Зум платформа) 

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами ќе присуствува на промовирањето на реновираниот двор и спортските терени на ООУ „Истикбал“. (11:30, предвидена е изјава за медиумите)

Скопје - Прес-конференција на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците. (Пред главниот влез на Владата/13:00)

Скопје - Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари ќе одржи презентација на реализираните активности од проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“ по која ќе следи и панел-дискусија за поттикнување на редовни гинеколошки прегледи заради превенција од цервикален карцином. (Јавна соба/19:30)

Скопје - Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ од Скопје организира јавна презентација на европскиот проект „Pathways to Creative Careers/Патеки до креативни кариери (P2CC)“. (Europe House Skopje/11:00)

Скопје - Продолжува првата заедничка годишна конференција на докторските студии. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, прв кат/9:20)

Скопје - Советување на тема „Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“ по повод 20-годишнината од основањето на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (10:00)

Скопје - Отворање - Спомен-соба и промоција на биографски филм за Вера Кличкова - основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија. (Музеј на РС Македонија/12:00)

Битола - Меѓународна конференција  „Иновативни библиотечни програми - едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“ (Универзитетска библиотека/11:00)

Скопје - Изложба „Работилница за сито печат“ со менторите Зоран Младеновски и Јован Атанасовски. (КИЦ - Скопје, Изложбен салон Империјал 2, 12:00)

Скопје - Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје. (Музеј на Град Скопје/19:00)

Скопје - Книжевна вечер со Петар Андоновски посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“. (кафе-книжарница „Буква“/20:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)

Струга - Работилници против врсничко насилство наменети за родители во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ „Крени глас против врсничко насилство“. (во  основно училиште „Јосип Броз Тито“/18:00)

____________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан