• четврток, 19 декември 2024

Лимани- Шќекиќ: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар

Лимани- Шќекиќ: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Покрај регионалното поврзување на младите кое го прави Регионалната канцеларија за младинска соработка - RYCO, потребно е да се работи на зајакнување на меѓусебната соработка преку заедничко учество на меѓудржавни проекти, оцениле македонскиот министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ на средбата во рамки на работната посета на Берлин, каде учествувале на Форумот за млади од Западен Балкан.

Како што информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, соговорниците зборувале за тоа дека Европската Унија треба да стане пофлексибилна кон државите на Западен Балкан, без условувања, туку со целосна поддршка, затоа шток, како што рекле, Европа не е целосна без државите од Западен Балкан.

Од страна на црногорскиот министер Шќекиќ, била упатена и директна покана за посета на Црна Гора во насока на продлабочување на досегашната соработка.

Заклучоците на крајот од средбата биле дека само обединети како регион може да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар. сст/са/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан