• понеделник, 20 јануари 2025

Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови 

Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови 

Брисел, 18 декември 2024 (МИА) - Бугарија го поддржува проширување на ЕУ со Западниот Балкан врз принципот на почитување на условите за прием во Унијата, изјави вечерва бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. 

- Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската Унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев. 

Запрашан дали ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговата посета на Софија, Главчев изјави оти „не му е познато дека ќе имаат средба, освен оваа во Брисел“, посочувајќи дека посетата е на поканата на бугарскиот претседател Румен Радев и сите прашања околу тоа за што ќе се разговара треба да се упатат на таа адреса. сп/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан