• понеделник, 23 декември 2024

Лидс ја прифати понудата од Барселона за Рафиња

Лидс ја прифати понудата од Барселона за Рафиња
Лондон, 12 јули 2022 (МИА) - Челниците на премиерлигашот Лидс ја прифатија понудата од Барселона за трансфер на бразилскиот фудбалер Рафиња, објави денеска на својот твитер профил познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо. Новинарот, кој важи за сигурен извор на информации поврзани со трансфер пазарот, посочи дека Барселона понудила 58 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. Договорот би требало да биде финализиран во следните неколку денови по што Рафиња ќе допатува во Барселона на медицински прегледи и потпис. Рафиња (25) последните две сезони ги мина во дресот на Лидс, настапувајќи претходно за Аваи, Виторија Гимараеш. Спортинг и Рен. ег/ми/

Остани поврзан