• понеделник, 23 декември 2024

Ливерпул се вклучи во битката за Киеза

Ливерпул се вклучи во битката за Киеза

Ливерпул, 26 август 2024 (МИА) - Ливерпул се приклучува во битката за Федерико Киеза, изненадувачки информира италијанскиот специјалист за трансфери Фабрицио Романо. Шефовите на „црвените“ направија првично барање и ги истражуваат условите под кои евентуално би можел да го привлече италијанскиот крилен напаѓач.

Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота се откажа од услугите на Киеза по неговото пристигнување, со што крилниот напаѓач автоматски стана достапен на трансфер пазарот.

Првично се веруваше дека од стадионот „Алијанц“ бараат околу 25 милиони евра за неговите услуги, бидејќи има само една година од договорот. Како што одминуваше времето, оваа сума дури се намалуваше, пишуваат различни медиуми, а денеска се појавија информации дека Барселона дала понуда вредна само 12 милиони евра за правата на италијанскиот интернационалец.

Ливерпул досега добро ја започна тековната кампања, забележувајќи две победи во Премиер лигата. Засега од „Енфилд“ немаат привлечено ниту еден нов играч ова лето, но се надеваат дека зделката за Џорџи Мамардашвили од Валенсија ќе биде објавена во наредните денови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан