• недела, 15 декември 2024

Ливерпул и Арсенал испуштија важни бодови во трката за титулата во Премиер лигата

Ливерпул и Арсенал испуштија важни бодови во трката за титулата во Премиер лигата

Лондон, 14 декември 2024 (МИА) - Ливерпул и Арсенал направија погрешни чекори во трката за титулата во Премиер лигата, откако ремизираа на денешните натпревари.

Ливерпул не успеа да го победи Фулам на „Енфилд“, а двата тима одиграа 2:2, но домаќините уште од 17. минута играа со човек помалку, кога Енди Робертсон доби директен црвен картон.

Арсенал не успеа да го победи Евертон на домашен терен и одигра само 0-0. Избраниците на Микел Артета доминираа во текот на целиот натпревар и не му дозволија на противникот да упати ниту еден удар кон Давид Раја, но сепак ги разочараа своите навивачи.

Њукасл немаше проблеми и победи со 4:0 како домаќин над Лестер. Двапати прецизен беше Џејкоб Марфи, а по еден гол додадоа Бруно Гимареш и Александар Исак.

Ипсвич, пак, покажа карактер и победи со 2:1 на гостувањето кај Вулверхемптон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан