• сабота, 22 февруари 2025

Руд трет тенисер од Топ 10 кој е елиминиран на АО 2025

Руд трет тенисер од Топ 10 кој е елиминиран на АО 2025

Мелбурн, 15 јануари 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 6, Норвежанецот Каспер Руд денес загуби од Чехот Јакуб Меншик во второто коло на Австралија Опен 2025 со 2:6, 6:3, 1:6, 4:6.

Мечот траеше 2 часа и 47 минути.

Руд, кој се наоѓа на шестото место на АТП-листата, стана третиот тенисер од Топ 10 кој испаднал од Австралија Опен. Прв беше Русинот Андреј Рубљев кој во првото коло загуби од Бразилецот Жоао Фонсека, додека Бугаринот Григор Димитров поради повреда се откажа од мечот против Италијанецот Франческо Пасаро.

Грен слемот во Мелбурн се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан