Лефков: Власта на СДС, Заев и Филипче работела активно на носење мигранти во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните тоа го спречија
- Власта на СДС, Заев и Филипче работела активно на носење мигранти во Македонија, за таа цел предвиделе изградба на мигрантски камп на само неколку километри од центарот на главниот град, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 12 декември 2025
Власта на СДС, Заев и Филипче работела активно на носење мигранти во Македонија, за таа цел предвиделе изградба на мигрантски камп на само неколку километри од центарот на главниот град, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Зоран Заев и Венко Филипче имале партиска и државна политика за населување на мигранти, и тоа истите оние мигранти кои прават големи проблеми во Европа.
Зоран Заев и Венко Филипче биле спремни на населување на мигрантите во Скопје, откако во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
Филипче кој денес е најгласен против некакви измислени мигранти, тогаш бил прв кој со две раце гласал да се доселат мигранти во Македонија. И за ова има доказ, а тоа е Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на Владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.
Откако вчера го обелоденивме пред граѓаните планот на Заев и Филипче за носење на мигранти во Македонија, тој цел ден го нема, се крие и бега од новинари. Овие двајца треба да одговорат колку мигранти биле спремни да примат и колку ќе се збогателе со тој чекор? Дали Заев и Филипче во обид да го затскријат својот криминал се обидуваат друг да наместат? Затоа ли Филипче е олку гласен, затоа што тој договарал носење на мигранти за истите суми кои тој и медиуми блиски до СДС ги вадат во јавноста?
Криминалот и корупцијата на Заев и Филипче нема да се сокријат под превезот на создавање на лажни вести, паника и хистерија кај граѓаните.
Го повикуваме Филипче да се соземе, да си поднесе оставка, а СДС под итно да се реформира.
Утре ќе објавиме нови детали, како Заев и Филипче, планирале населување на мигранти во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ