• недела, 21 јули 2024

Лестер стигна до финалето на ФА купот за прв пат од 1969 година

Лестер стигна до финалето на ФА купот за прв пат од 1969 година
Лондон, 19 април 2021 (МИА) - Лестер вчеравечер го победи Саутемптон со 1:0 во полуфиналето на ФА купот и избори учество во мечот за трофејот. „Лисиците“ стигнаа до финалето на Националниот куп за прв пат од 1969 година, кога тимот загуби со 0:1 од Манчестер сити. За Лестер ова ќе биде петто финале во својата историја. Противник на Лестер во финалето на ФА купот ќе биде Челзи кој претходно го победи Манчестер сити. Натпреварот ќе се одржи на 15 мај на „Вембли“ во Лондон. зс/

Остани поврзан