Норис стартува прв на Хунгароринг
- Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.
Будимпешта, 20 јули 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.
Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.
Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.
Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот. дс
Фото: Х/Формула 1