• сабота, 27 јули 2024

Леклер: Сезонава започнуваме добро, се надевам дека можеме да го одржиме лидерството до првата победа

Леклер: Сезонава започнуваме добро, се надевам дека можеме да го одржиме лидерството до првата победа

Мексико Сити, 29 октомври 2023 (МИА) - Пилотот на Ферари, Шарл Леклер вечерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Мексико ќе ја почне пол-позицијата.

- Трката ќе биде многу тешка. Сè може да се случи. Оваа сезона во неколку наврати почнуваме добро, но не успеваме да победиме. Се надевам дека можеме да го одржиме лидерството до првата победа. Макс Ферстапен е многу добар. Тој останува главниот фаворит во моментот, рече Леклер.

Почетокот на главната трка за ГН на Мексико е закажан за вечер во 21 часот.

Леклер ќе стартува прв, неговиот тимски колега од Ферари, Карлос Сајнц втор, додека Макс Ферстапен од Ред Бул ќе тргне од третата позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан