• недела, 21 јули 2024

Левица: Со 1 300 амандмани блокираме поткуп на медиумите

Левица: Со 1 300 амандмани блокираме поткуп на медиумите
Скопје, 18 ноември 2022
1 300 АМАНДМАНИ - ЛЕВИЦА БЛОКИРА ПОТКУП НА МЕДИУМИТЕ
Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист!
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1 300 амандмани до собранискиот архив за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите.
Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата на комисијата е одложена поради амандманската блокада на Левица.
Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим.
Политичка партија Левица
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан