Леброн Џејмс за враќањето на Олимпијадата: Бев малку нервозен
- Леброн Џејмс ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Србија на Олимписките игри во 2024 година.
Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Леброн Џејмс ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Србија на Олимписките игри во 2024 година.
Триесет и деветгодишниот напаѓач на САД претходно се натпреваруваше на Олимписките игри во 2004, 2008 и 2012 година пред да пропушти два од тие турнири.
- Беше прекрасно. Кога ја слушнав нашата национална химна, ги слушнав навивачите како скандираат, дефинитивно станав малку нервозен. Знаете, тоа чувство во стомакот, таа возбуда. Сите игравме пред многу луѓе, секако. Беше поинаква атмосфера, но можевме да се справиме со тоа, рече Џејмс.
САД ја совлада Србија (110:84) во првиот меч на Олимписките игри во Париз. Џејмс постигна 21 поен, седум скока и девет асистенции. зс/
Фото: ЕПА