• сабота, 23 ноември 2024

Лазаров одлучи со кои ракометари ќе отпатува за Злин

Лазаров одлучи со кои ракометари ќе отпатува за Злин
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Злин на првиот бараж-дуел со Чешка за пласман на Светското првенство 2023. Од 23 ракометари кои се подготвуваа, петмина остануваат во Скопје да ја чекаат следната шанса. Во Злин ќе патуваат: голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски крила: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски бекови: Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Марко Митев,    Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов дефанзивци:Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ. Натпреварот во Злин е закажан за утре во 20:15 часот. зс/

Остани поврзан