• петок, 21 февруари 2025

Лаж: Бенфика сака да оди што подалеку во Лигата на шампионите

Лаж: Бенфика сака да оди што подалеку во Лигата на шампионите

Лисабон, 19 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Бенфика, Бруно Лаж ги искажа своите импресии по синоќешното реми со Монако (3:3) во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите. 

Португалскиот тим се пласираше во осминафиналето каде ќе игра против Барселона или Ливерпул.

- Почетокот на натпреварот беше избалансиран и заслужено поведовме. Но, кога израмнија, моравме да поминеме низ многу тешки моменти. Кога резултатот стана 2:1 во корист на Монако, дојде време за корекции. Тимот одговори достоинствено, а навивачите не поддржаа. Во голема мера е нивна заслуга што тимот почна да игра поинаку. Многу е важно што стигнавме до осминафиналето. Ова е значаен момент, но ние сакаме да одиме што подалеку на овој турнир, изјави Лаж по мечот.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок на 21 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан