• среда, 02 октомври 2024

Куманово наскоро ќе добие сувенирница

Куманово наскоро ќе добие сувенирница

Куманово, 1 октомври 2024 (МИА) - Куманово наскоро ќе добие сувенирница, сместена во една од просториите во занаетчискиот дом, соопштија денеска од регионалната занаетчиската комора. Подготовките за отворањето привршуваат. Занаетчиите, особено старите занаети ќе можат да ги изложат своите ракотворби и да го презентираат градот пред домашните и странските туристи.

- Се надеваме дека активностите ќе завршат пред празникот 11 Октомври. Наскоро ќе може да организираме и занаетчиски саем и ќе ги субвенционираме старите занаети. На овој начин општина Куманово служи за пример-како локалната самоуправа треба да се грижи за старите занаети, да придонесе за нивниот развој, изјави претседателот на ЗКРСМ и на регионалната занаетчиска комора, Агрон Фазлији.

Од ЗКРСМ најавија дека во секој град ќе се отвора по една сувенирница која ќе понуди локални производи карактеристични за секоја општина поединечно.

- Нашите ракотворци ќе имаат можност да се презентираат. Таргетирани се сите ракотворци од Куманово кои подготвуваат автентични продукти за Куманово и ќе го презентираат градот, низ децениите и годините. И во останатите градови ќе се презентира сликата од соодветното подрачен, додека во главниот град ќе има сувенирница која ќе претставува мозаик од цела Македонија, изјави Фазлији.

Занаетчиите го добиле просторот на трајно користење од општината. Занаетчискиот дом, во централното градско подрачје, објект кој е изграден со донации од еснафот и на овој начин се враќа на користење на занаетчиите од градот.

Занаетчиите ќе ја користат просторијата каде беше сместен фризерницата „Боро Менков“. Домот на занаетчиите е изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Објектот е еден од најрепрезентативните, белег на Куманово. Изграден во периодот помеѓу двете светски војни, кога Куманово бил претежно занаетчиски град. ам/са/

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан