• вторник, 10 септември 2024

Почнува четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Почнува четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - „Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата денеска ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.

Како што информираат од Кинотека, проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.

Дел од програмата на четвртото издание на Фестивалот кој ќе трае до 16 септември се и „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Алиса во земјата на чудата“, „Раскажување“, „Жан Мари Штрауб и Даниел Хује работат на филм заснован на фрагментот од романот на Франц Кафка „Америка““, „Изразот на рацете“, „Времето проаѓа низ градот“, „Убавицата“, „Како да се живее во Фрг“, „Разговорот“, „Пристаниште“, „ МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА!“, „Писмо“, „Кога бев дете“, „Девојката и ехото“ и „Уцена“, 

Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје - „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт. ар/нд/

Фото: Кинотека

Остани поврзан