• среда, 25 декември 2024

Фестивалот на комедија „Гола месечина“ по 11-ти пат во Аеродром

Фестивалот на комедија „Гола месечина“ по 11-ти пат во Аеродром

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) – Со настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски денеска почнува 11. издание на Фестивалот на комедија „Гола месечина“ што ќе се одржува во општина Аеродром до 14 септември. 

од денеска до 14 септември во паркот „Авионче“.

Утре ќе настапи „Импров група“ со Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, а водител на вечерта ќе биде Борјан Стојков. В четврток ќе настапат Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре Кабает“, а во петок стенд-ап настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски. Фестивалот ќе го затворат Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски.

Фестивалот на комедија се одржува во паркот „Авионче“, а влезот е бесплатен. ар/бак/


Фото: Општина Аеродром

Остани поврзан