• вторник, 24 декември 2024

Благој Ламњов го сними својот втор „Носталгична љубов 2“

Благој Ламњов го сними својот втор „Носталгична љубов 2“

Велес,10 септември 2024 (МИА) - Велешанецот Благој Љамњов за само два ипол дена  го сними својот втор албум насловен „Носталгична љубов 2“ во студиото „Гула“ во Малме, Шведска,каде живее и работи. Албумот ќе се издаде на 1 ноември на сите музички платформи Amazo,Spotify,You Tube,Tunes и другите, како и на неговата веб страна  blagoj.se

Како што појасни Ламњов,  зад секоја песна во новиот албум стои вистинска приказна и секоја од нив има име што посебно му значи и емотивно е поврзано со него. Повеќето од песните ги има напишано тој лично, инспириран од прекрасната музика што веќе ја имаме во нашиот свет, но, на албумот ќе се појават и неколку традиционални мелодии.

-Два и пол исцрпувачки, но неверојатни и среќни денови. Јас, шест вистински инструменти и одличниот инженер на звук Дејвид Карлсон. Кларинет, пијано, акустична гитара, акустичен бас, удиралки, малку глас и вистински морски бранови покрај Јадранското море на моето омилено место во Хрватска. И сам ги снимив сите инструменти. Научив многу, горд сум, среќен сум, плачам кога го слушам албумот, вели Љамњов.

Тој појасни дека фокусот е ставен на интерпретацијата на кларинет, користејќи ја убавата западна класична традиција и фразирање, притоа задржувајќи ги македонските народни орнаменти реални и жлебови. ад/мд/

 

Остани поврзан