• среда, 25 декември 2024

Кривична против двајца скопјани поради „вршење на јавен превоз без лиценца“

Кривична против двајца скопјани поради „вршење на јавен превоз без лиценца“

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Ф.С., на возраст од 40 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Истовремено, пријава е проднсена и против 47-годишниот Д.А., исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во „вршење на јавен превоз без лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- На 7 јули 2022, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, кое го управувал Ф.С., а сопственост на Д.А., при што било констатирано дека од местото на сеча, извршиле превоз на огревно дрво до двајца купувачи, без поседување соодветна документација - лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешен патен сообраќај, се наведува во соопштението. бд/сп/

Остани поврзан