• сабота, 17 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова да сфати дека е само остаток од еден стар СДСМ кој е синоним на корупција и криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова да сфати дека е само остаток од еден стар СДСМ кој е синоним на корупција и криминал

Скопје, 12 март 2025

Десната рака на Зоран Заев сега предадена и поставена и формално на функција кога претседател е Венко Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за реформа од правосудниот сектор. 

Каранфилова и нејзиниот Филипче нека се погледнат себе си. Зошто? Затоа што тие се креатори на судии и обвинители кои имаат за цел единствено да го штитат криминалот на Заев и Филипче. 

Ако Каранфилова и нејзините другари Заев и Филипче сакале реформа на правосудниот систем што правеле седум години? Седум години е доволен период за реформа и да почнат да се гледаат резултати. 

Но, наместо тоа јавноста сведочи на правосуден систем кој ја штити мазут мафијата која го крадела народот, а воедно и труела. 

Каранфилова треба да сфати дека е само остаток од еден стар СДС кој е синоним на корупција и криминал. Време е да ја напуштат старата матрица од времето на фамилијата Заеви.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан