Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Од секторот за односи со јавност и протокол на МВР сооштија дека на 5 јануари годинава, околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив. Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информираа од Министерството за внатрешни работи.мт/са/
Фото: МИА