Кривична пријава за четворица дебрани за предизвикување општа опасност
- Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против чертворица дебрани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик „Предизвикување општа опасност“.
Дебар, 8 октомври 2025 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против чертворица дебрани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик „Предизвикување општа опасност“.
Пријава е поднесена протв В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, кои на 1 август годинава, на семејна веселба, во куќа покрај Дебарско Езеро, неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале значителна опасност по животот на присутните гости.
- По мерки преземени во координација и наредба со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода беше Ф.П. кому му беше одземен пиштол „Магнум“. При претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П. пронајдени и одземени беа пиштол „Steyr“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Исто така од пријавената А.П. одземен е пиштол „Glock“ со 34 куршуми. вт/
Фото: МИА