• понеделник, 22 јули 2024

Кривична пријава за едно лице за криумчарење

Кривична пријава за едно лице за криумчарење

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) - Полицијата вчера во 18:30 часот на граничниот премин „Деве Баир“ го лишила од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа.

Како што соопшти МВР, при контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација.

Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик. мд/дма/

Фото: МВР 

Остани поврзан