Кратко невреме во Дебар
- Поради разнесениот отпад на улиците мораше да интервенира и сообраќајната полиција, за да го регулира сообраќајот.
Дебар, 14 јули 2024 (МИА) - Краткотрајно невреме, со силен ветер, обилен дожд и со ситен град, попладнево го зафати градот Дебар.
Силниот ветер турна повеќе контејнери за отпад, по што веднаш интервенираа екипи на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.
- По силното, но, за среќа, краткотрајно невреме во градот, на неколку локации беа превртени контејнери за отпад, при што ветрот ги разнесе на сите страни, па и на повеќе улици. Излеговме на увид и наши екипи ги расчистуваат просторот и улиците, рече директорот Бурим Каба.
Поради разнесениот отпад на улиците мораше да интервенира и сообраќајната полиција, за да го регулира сообраќајот.
Засега нема пријавени поголеми штети од невремето. вт/бд/
Фото: ЈКП „Стандард“