• вторник, 01 октомври 2024

Координативни тимови ќе работат превентивно за да се спречи несовесно однесување на кумановци во однос на аерозагадувањето

Координативни тимови ќе работат превентивно за да се спречи несовесно однесување на кумановци во однос на аерозагадувањето

Куманово, 30 септември 2024 (МИА) - Координативните тимови составени од претставници на локални и централни власти ќе ги едуцираат граѓаните да не палат смет, да не создаваат „диви“ депонии, најави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој во изјавата за медиумите посочи дека со години се преземаат различни мерки, едукативни и репресивни за несовесното однесување на поединци во однос на заштита не непосредната животна околина. Летниот период речиси секојдневно кумановските пожарникари интервенираа на запалени стрништа, „диви“ депонии на речиси исти места во градот и села.
- Употребивме многу мерки, првенствено со едукација се обидовме да делуваме преку инспекциските служби, за жал има несовесни граѓани кои собираат големи количини на смет го носат на таа локација и ги исфрлаат во речното корито или ги опожаруваат. Редовно се чистат тие депонии, но тоа се краткорочни мерки. Во соработка со инспекциските служби се обидуваме и МВР првично да влеземе да разговараме со тие граѓани да им објасниме дека тоа им штети на сите, а првично на нив, бидејќи тие непосредно го димат тој воздух, а потоа ќе одиме со репресивни мерки и казнена политика која важечките прописи е скромна, а кога наидувате или се соочувате со граѓани од ниски социјални категории, многупати истите казни за нив не важат, изјави Димитриевски.

Според последните заклучоци од одржаниот состанок на локалниот совет на преценија во однос на справувањето со аерозагадувањето, донесен е заклучок да се реши проблемот со палење на отпадни материи.

Според него важно е да се изгради систем на вредности. Летово, потсети тој противпожарната единица имаше бројни интервенции на пожарникарите на запалени стрништа во делови вон градот.

- Мора да потенцирам дека имавме интервенции на стрништа коишто традиционално кај нас се опожаруваат од самите сопственици на земјоделски површини, несовесни граѓани, иако, согласно законот се знае дека опожарување не е дозволиво, изјави Димитриевски.

На првата форумска сесија од во рамки на проектот „Справување со аерозагадувањето“ беше посочено дека најголем удел има согорувањето на биомаса, останатите се сообраќајот кој на годишно ниво учествува со 25 проценти, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. ам/са/

Фото: МИА

Остани поврзан