• вторник, 24 декември 2024

Костадинов: Проблем е техничката вода која ја купуваме од АД „Водостопанство“, немаме детектирано проблем во мрежата за снабдување со вода за пиење

Костадинов: Проблем е техничката вода која ја купуваме од АД „Водостопанство“, немаме детектирано проблем во мрежата за снабдување со вода за пиење

Струмица, 5 октомври 2024 (МИА) - Одговорни луѓе седнуваат на маса, одговорни институции гледаат на проблемите во очи, ги прават потребните анализи и од тука влечеме можни решенија. Ние шест денови очекуваме и повикуваме да се седне на маса и дека има истражувања во рамки на „Комуналец“-Струмица на примарната и секундарната водоводна мрежа, Филтер станицата со сите процеси на прочистување на водата, нема детектирано никаков проблем и јасно укажавме дека проблем е техничката вода којашто ја купуваме од брана „Турија“, односно од АД „Водостопанство“, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по вчерашните прес конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој го впери прстот во него и Општината за проблемот со немање вода за пиење во Струмица и шест населени места заради зголемо присуство на манган.

Костадинов вели дека од вчерашната прес конференција очекувал некое решение.

- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ако изговори 5 реченици во четири и пол го спомна Костадинов. Благодарам за афирмацијата, но не сме тука да се препукуваме и да бараме дежурни виновници и би му порачал на министерот дека не се уште во опозиција и владината говорница не е во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, туку во Владата. Очекував вчера да слушнам бројки и анализи коишто ги имаат направено оти таму беше и директорката на Институтот за јавно здравје, веројатно имаат бројки каква е водата во браната „Турија“, но бројки не слушнавме ниту јас, ниту граѓаните, тоа е очајно и жално. Министерот понуди помош доколку тие треба да инвестираат и еве за почеток нека направат анализа од водата која ни ја продаваат за да сфатат каква вода продаваат тие, подвлече Костадинов.

Според него, затаило чистењето на каналите и речните корита во Општина Струмица од страна на „Водостопанство“ и министерството со што, како што рече Костадинов, избегнувајќи една еколошка катастрофа ресорното министерство ја вовлекува Струмица во друга катастрофа.

-До денеска, цело лето и овие веќе 102 денови на новата Влада, немаме видено ниту еден багер да ги чисти каналите со што придонесуваат и за поплавување на Струмица. Изнегнувајќи една еколошка катастрофа, самото Министерство со целата негова неспобност, ја вовлекува Струмица во нова криза. Нормално ние како одговорна Општина заедно со „Комуналец“ ги извршуваме и нивните обврски, ги чистиме каналите кои се нивна обврска, посочи струмичкиот градоначалник, кој дададе дека не им треба помош од Министерството, туку да си ги гледат нивните обврски и да си ги знаат надлежностите и да не ја злоупотребувале Владата како партиско седиште. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан