• вторник, 31 март 2026

Корисниците на јавни површини да поднесат барање во Општина Струга за користење во 2026 година

Корисниците на јавни површини да поднесат барање во Општина Струга за користење во 2026 година

Струга, 30 март 2026 (МИА) - Општина Струга ги известува корисниците на јавни површини да поднесат барање согласност со програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Струга за 2026 година.

Формуларите за барањата, според информацијата се објавенина официјалната веб-страница на Општина Струга, а крајниот рок за поднесување е 30 април.

- По истекот на овој рок, секое користење на јавни површини без одобрение ќе се смета за узурпација на јавна површина. Против сите субјекти кои нема да го почитуваат овој рок ќе бидат преземени соодветни казнени мерки, вклучително и итно отстранување на урбаната опрема, а целокупната одговорност ќе ја сносат самите корисници/узурпатори, соопшти Општина Струга.  сс/са/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан