• вторник, 21 април 2026

Нивото на водата на Охридското Езеро сантиметар под месечниот просек

Нивото на водата на Охридското Езеро сантиметар под месечниот просек

Охрид, 21 април 2026 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,56 метри надморска височина или еден сантиметар под просекот за април, утврден на котата 693,57 мнв.

Водостојот на езерото е драстично подобар споредено со минатата година. На 22 април лани нивото на водата во езерото се наоѓаше 25 сантиметри под месечниот просек.

Добрата „кондиција“ во која се наоѓа езерото кога станува збор за водостојот се должи на продолжениот период со интензивни врнежи што го зафатија регионот. аб/са/

фото/МИА

Остани поврзан