Потпишани првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во општина Бутел
- Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска ги потпиша првите решенија за исплата на надомест за новороденче, во износ од 5000 денари. Финасиската поддршка е предвидена во програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска ги потпиша првите решенија за исплата на надомест за новороденче, во износ од 5000 денари. Финасиската поддршка е предвидена во програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
- Покрај тоа, локалната самоуправа вложува во инфраструктурни објекти за најмладите, кои ќе создадат услови за подобра иднина на секое дете. Во општина Бутел се градат две градинки, во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе бидат изградени три нови градинки - во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Локалната самоуправа гради иднина за секое семејство и за сите граѓани на општина Бутел, се вели во соопштението од оштина Бутел.са/
Фото: Општина Бутел