• вторник, 21 април 2026

Училиштен крос утре на „Аџи Тепе“ Куманово

Училиштен крос утре на „Аџи Тепе“ Куманово

Куманово, 21 април 2026 (МИА) - Училишниот крос во Куманово, кој требаше да се одржи денеска, поради дождот, се одложува за утре, информираа денеска од Општинскиот сојуз на училишните спортови.

Кросот ќе се одржи утре на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“ во Куманово. Собирот на учесниците е закажан за 10:00 часот, додека стартот на трките ќе биде во 10:30 часот. За сите училишта е обезбеден организиран превоз, кој ќе тргне во 09:30 часот до локацијата и назад до училиштата.

- Настанот ќе ги обедини учениците од сите основни и средни училишта од општината, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории, според возраста. Натпреварувањето ќе започне со најмладите ученици, а ќе продолжи до најстарите средношколци-изјавија координаторите Филип Колевски и Марјан Нојковски.

Учениците ќе трчаат на различни дистанци од 200 метри за учениците од трето одделение, до 1200 метри за средношколците. Право на учество имаат и машки и женски ученици, а бројот на пријавени не е ограничен.  За најдобрите натпреварувачи се предвидени награди медали, маици и дипломи, кои ќе бидат доделени за првите три места во секоја категорија. Училишниот крос има за цел поттикнување на спортскиот дух и создавање здрави навики кај младите. ам/дма/

Фото: Општина Куманово, архива

Остани поврзан