• среда, 23 октомври 2024

Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија

Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори.

Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. 

Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски  - фагот и Александар Гошев - хорна.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.са/

Фото: Скопски дувачки квинтет

 

Остани поврзан