• вторник, 24 декември 2024

Промовиран романот „Сè уште можам нешто да сторам“ на Фросина  Пармаковска, добитничка на „Рациновото признание“ за 2024

Промовиран романот „Сè уште можам нешто да сторам“ на Фросина  Пармаковска, добитничка на „Рациновото признание“ за 2024

Велес, 22 октомври 2024(МИА) – Во велешката библиотека денеска беше промовиран романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“, на Фросина Пармаковска, добитничка на „Рациновото признание“ за 2024.

Романот беше промовиран пред голем број љубители на книгата, а за него зборуваше промоторот проф д-р Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје.

Таа појасни дека ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.

Годинешното, 61. издание на Рациновите средби во Велес се одржуваше под слоганот „Рацин – македонска меморија“. 

Во конкуренција на 25 пријавени дела токму со ова дело Пармаковска го доби високото „Рациновото признание“ за 2024 година.ад/ар
Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан