• петок, 08 ноември 2024

Конте седнува на клупата на Наполи

Конте седнува на клупата на Наполи

 

Рим, 27 април 20204 (МИА) – Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан