• недела, 28 јули 2024

Конте незадоволен од трансфер политиката на Тотенхем

Конте незадоволен од трансфер политиката на Тотенхем
Лондон, 17 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте е незадоволен од трансфер политиката на лондонскиот клуб. - Во јануари четворица важни играчи си заминаа, двајца дојдоа. Дури и нумерички на хартија сме ослабени наместо да се засилиме. Тотенхем бара млади играчи кои можат да се развиваат, а не кои се подготвени. Во тоа е поентата, изјави Конте. Во зимскиот трансфер период Тотенхем го изнајми Дејан Кулушевски од Јувентус и за 19 милиони евра го купи играчот за врска Родриго Бентанкур. Тимот го напуштија Деле Али (Евертон), Џовани Ло Селсо (Виљареал), Брајан Гил (Валенсија) и Тангај Н'Домбеле (Лион). зс/

Остани поврзан