Конте: За 8 месеци во Наполи сфатив дека има многу работи што не можат да се направат овде
- Тренерот на Наполи, Антонио Конте, на прес-конференција пред натпреварот од 33. коло на италијанското првенство против Монца навести можно заминување од клубот.

Неапол, 19 април 2025 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте, на прес-конференција пред натпреварот од 33. коло на италијанското првенство против Монца навести можно заминување од клубот.
-Во текот на овие 8 месеци во Неапол сфатив дека тука не може да се направат многу работи, изјави Конте, цитиран од италијанските медиуми.
Италијанскиот стручњак има актуелен договор со Наполи до 30 јуни 2027 година.
Натпреварот Монца - Наполи се игра денеска, 19 април, а ќе започне во 18 часот. дс
Фото: Архива