Реал Мадрид има нов тренер
- Италијанскиот кошаркарски тренер Серџо Скариоло е поставен за нов тренер на Реал Мадрид
Мадрид, 3.јули 2025 (МИА) - Италијанскиот кошаркарски тренер Серџо Скариоло е поставен за нов тренер на Реал Мадрид. Договорот е потпишан на три години, соопштија од клубот.
64-годишниот Скариоло на клупата на „кралскиот клуб“ се враќа по две децении и периодот од 1999 до 2002 година кога беше и шампион во 2000 година со Реал Мадрид.
Италијанскиот тренер ќе го наследи Чус Матео кој беше европски првак со Реал Мадрид во сезоната 2022/2023. Скариоло беше тренер на неколку европски екипи, а во НБА лигата беше помошен тренер во Торонто кога оваа екипа ја освои шампионската титула во 2019 година.
Посебен белег остави на клупата на шпанската репрезентација каде беше дел од неколку историски успеси. мн/
Фото: ЕПА