• вторник, 24 декември 2024

Колумбија го победи Уругвај и се пласираше во финалето на Копа Америка

Колумбија го победи Уругвај и се пласираше во финалето на Копа Америка

Шарлот, 11 јули 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Колумбија ноќеска во Шарлот (САД) ја совлада селекцијата на Уругвај со 1:0 во полуфиналниот натпревар од Купот на Америка.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше фудбалерот за врска Џеферсон Лерма во 39. минута. 

Во финишот на првото полувреме црвен картон доби дефанзивецот Даниел Муњоз, па Колумбијците во текот на целото второ полувреме играа со фудбалер помалку.

Колумбија во финалето на Копа Америка ќе се соочи со Аргентина. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули. 

Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан