• петок, 08 ноември 2024

Колашинац по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Ја славиме нашата култура, традиција и заедништво

Колашинац  по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Ја славиме нашата култура, традиција и заедништво

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз -Мунир Колашинац, го честита Меѓународниот ден на Бошњаците 28 септември:

- Овој ден е можност да ја славиме нашата култура, традиција и заедништво. Нека нè обедини гордоста и љубовта кон нашите корени и нека ни донесе мир и благосостојба. Денеска го славиме историскиот и национален бошњачки празник, 28 септември. Денот кога Бошњаците решително и храбро, на седницата на првото себошњачко собрание, одржано во опколеното Шехер Сараево на 28 септември 1993 година, во тешки околности, ја усвоија Декларацијата за враќање на историското национално име Бошњак наместо претходно име Муслиман. Нека ни е среќен празникот, наведува Колашинац во честитката.лв/

фото: Бошњачкиот демократски сојуз

Остани поврзан