• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Во сите домови каде се чествува Бадник нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата

Ковачевски: Во сите домови каде се чествува Бадник нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод празникот Бадник упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот, во која посакува добро здравје, радост и спокој во семејствата.

-Честит Бадник! Најрадосната вест за раѓањето Христово, раѓа нова надеж. Бадник, во сите домови каде се чествува, нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата во радост и спокој, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Како што посочува, сплотени сите заедно во родната земја, да направиме нов чекор напред во изградбата на перспективно општество, со среќни луѓе.

-Нека е за многу години денешниот голем празник Бадник!, се вели во честитката на Ковачевски.бт/аа/

Фото: MИА Архива

Остани поврзан