• вторник, 23 јули 2024

Книжевно-музички перформанс „Ден надвор од времето“ во Куршумли ан

Книжевно-музички перформанс „Ден надвор од времето“ во Куршумли ан

Крива Паланка, 22 јули 2024 (МИА) - Во организација на Центарот за биоинформатика во четврток ќе се одржи книжевно- музички настан насловен „Ден надвор од времето", на кој преку интеграција на литературата и музиката ќе биде одбележан денот што според Мајанскиот календар е „Ден надвор од времето“.

- На денот што не припаѓа на ниту еден од 13-те месечеви циклуси во годината, ни претстои преубав настан во организација на Центарот за биоинформaтика „Ревит“, што ги интегрира науката, литературата и музиката, привлекувајќи ги научните умови, книжевните ентузијасти и љубителите на музиката на едно место во вонвременскиот, „Куршумли Ан“, Скопје. Името на настанот „Ден надвор од времето“ ги спојува хармонијата на литературата и музиката, преку промоција на книги, со музички настап на Џијан Емин, преку мислите на писателот Бабаи - Јафар Бабајолеи од Техеран и дружење со Magical orchestra, Schlich, и забава со Ogi Uzun, информира докторката Татјана Илиевска од Центарот за биоинформатика „Ревит“, Скопје.

Бабаи - Јафар Бабајолеи ќе дебитира пред македонската публика, а во најава, како автор на бројни научни трудови, објаснува што претставува почеток на болеста и како можеме да ја идентификуваме.

- Болеста е симптом и аларм, порака од функционирањето на нервниот систем, централната свест, што предизвика нарушување на структурата на телото и нефизичките делови од човековото постоење. Покрај препишувањето лекови, лекарите им даваат и информации на пациентите. Лекот не е доволно ефикасен без свесност, вели Бабајолеи.

Истакнува дека неговото запознавање со нашата земја датира од пред неколку години, кога имал кратко патување со пријатели кои студирале во Северна Македонија.

- Јас и моите пријатели кои живеат во оваа прекрасна земја откривме научна атмосфера полна со емоции и хуманост, споделувајќи ги нашите идеи и ја најдов оваа клиника поинаква од другите клиники. Содржината на третманите во оваа клиника е различна за секого и според нивната состојба, и таа ми стана многу силен мотивациски фактор за создавање на овие културни дела. Драгите пријатели д-р Татјана и Кристијан овозможија моите книги да бидат објавени и претставени во оваа земја, а јас тоа го прифатив со гордост и многу сум им благодарен, дополнува авторот на „Ден надвор од времето".

Бабајолеи е автор на повеќе научни трудови и книги меѓу кои „Вирусот на лутината и што тој им прави на нашите тела", "Душата, раскошот измешан со телото-КИАН", "Жените како ривали бранови од земјата", "Суштината на судбината", "Органско воспитување".

По повод претстојниот настан утре е закажана прес-конференција во „Филхармонија бар“ во 11 часот. ид/бак/

 

Остани поврзан