Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика
- Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.

Барселона, 25 април 2020 (МИА) - Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.
- Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот, им порача Тебас на шпанските прволигаши.
Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус. зс/