• сабота, 31 август 2024

Кливленд ја освои летната НБА лига

Кливленд ја освои летната НБА лига

Лас Вегас, 18 јули 2023 (МИА) - Кливленд кавалирс рано утрово го совлада Хјустон рокетс со 99:78 (28:14, 23:30, 28:15, 20:19) во финалето на летната НБА-лига.

 

Предводник до триумфот на Кавалирс на натпреварот одигран во Лас Вегас беше Ајсаја Мобли со 28 поени и 11 скока.

 

Кливленд минатата сезона се пласираше во плејофот, губејќи во првото коло од Њујорк никс. зс/

 

Фото: Фејсбук НБА

Остани поврзан